ОПШТИ УСЛОВИ И ПРАВИЛА

Со самaтa посета или купување преку нашата интернет страната на ЛЕДМАРКЕТ се согласувате со општите услови и правила кои треба внимателно да ги прочитате. Условите ги дефинираат односите помеѓу КАРАН ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДOОЕЛ Скопје од една страна како сопственик на интернет страната со домеин ЛЕДМАРКЕТ и сите негови поддомеини и електронските корисници на домеинот и неговите поддомеини.

КАРАН ИНТЕРНАЦИОНАЛ  ДООЕЛ Скопје не превзема одговорност доколку корисникот не ги прочитал општите услови и правила. Ако не се согласувате со Општите услови на оваа страна, едноставно не ја користете и повелете во некоја од нашите ЛЕДМАРКЕТ продавници. Називот ЛЕДМАРКЕТ е заштитен трговски знак на КАРАН ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ увоз–извоз Скопје и забранет за секаков вид на негова употреба без претходна писмена согласност на сопственикот. КАРАН ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Скопје ги задржува сите права кои произлегуваат од трговскиот знак.

АВТОРСКИ ПРАВА

Целата содржина на оваа страна, вклучувајќи ја формата, изгледот, сликите, информациите, дизајнот и сите достапни податоци, се интелектуална сопственост на КАРАН ИНТЕРНАЦИОНАЛ  ДООЕЛ увоз–извоз Скопје кои се заштитени со авторско право и сродните права.

Превземањето на информации, податоци и слики, нивната дистрибуција, пренос или користење на линкот од овој сајт е стого забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотребата на податоците и опциите кои ги нуди оваа страна. Споделените информации од оваа страна имаат информативен карактер. Секогаш сме се залагале и ќе се залагаме за точност на информациите, но можни се отстапувања и пропусти во информирањето, во зависност од изворот на информациите.

За сите производи ќе се потрудиме да имате достапна фотографија, како илустрација за изгледот и формата на производот.

ЛЕДМАРКЕТ го задржува правото да објавува називи, модели и други информации за производот на англиски јазик, кога:

–   Постои ризик од губење на битни информации при преводот

–   Нема иста или слична терминологија на македонски јазик.

Како би ги задоволиле Вашите потреби и барања, ЛЕДМАРКЕТ ќе се залага за достапност на својата интернет страна 24 часа во денот. Во случај на привремена недостапност односно прекин на пристапот до интернет страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на ЛЕДМАРКЕТ, не можеме да превземеме никаква одговорност и да Ви гарантираме постојан пристап.

КУПУВАЊЕ

Купувачот има право да го одбере производот кој е понуден на веб страната на ЛЕДМАРКЕТ и на истиот да направи нарачка со што ќе ја определи количината, начинот на испорака и останатите опции понудени на веб страната. Купувачот има право да ја откаже, дополни или модифицира направената нарачка се до моментот пред да ја реализира нарачката. Со самото реализирање на плаќањето купувачот склучува договор со КАРАН ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДOОЕЛ Скопје за рокот, условите и производот кои се предмет на нарачка.

Доколку поради технички причини настане проблем со правењето на нарачката преку веб страната, или доколку на залиха нема одреден продукт КАРАН ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДOОЕЛ Скопје го задржува правото да ја одбие и да не ја комплетира нарачката со тоа што нема да настанат никакви облигациони односи со купувачот освен повраток на парите доколку истите се наплатени од купувачот.

БЕЗБЕДНОСТ

КАРАН ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДOОЕЛ Скопје е посветен на целосната безбедност на интернет страницата со примена на најсигурните и докажани безбедносни решенија со цел заштита на клиентот. Заштитата ЛЕДМАРКЕТ ја обезбедува на домеинот ЛЕДМАРКЕТ како и на сите поддомеини на истата страна. ЛЕДМАРКЕТ не ја гарантира безбедноста доколку на сајтот има поставено линк до друга веб страна и не превзема никаква одговорност во однос на заштита на личните податоци на тие страни.

Плаќањата преку веб страната можат да се остварат преку Мaster (Standard/Business/Gold), Maestro, VISA/ELECTRON/CLASSIC/BUSINESS/GOLD, DINERS и други платежни картички од домашни банки доколку УНИБанка е овластена да организира нивно прифаќање. Пред правењето на нарачката проверете дали банката издавач на картичката има овозможено правење на трансакции преку интернет.

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Со прифаќање на условите на корисниците што се регистрирале на ЛЕДМАРКЕТ и ги приложиле своите информации во полињата за регистрација се согласни сите податоци вклучувајќи ги и личните податоци да бидат обработени и користени од страна на ЛЕДМАРКЕТ за понудените услуги, рекламирањето на производите и услугите и реализирањето на испораката и плаќањето.

Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија и истите се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци. Притоа податоците се чуваат по највисоки критериуми за сигурно работење според банкарската политика. Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и ЛЕДМАРКЕТ не превзема никаква одговорност за истото.

ГАРАНЦИЈА

Сите производи купени од КАРАН ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДOОЕЛ Скопје се под гаранција. За одредени производи гаранциската изјава наведена на веб страната е лимитирана. За тие производи важи гаранциската изјава која доаѓа со тие производи поради соодветните договори склучени со увозниците и/или дистрибутерите на производите. За тие производи неважат прописите наведени на оваат веб страна.

ГАРАНЦИСКИ УСЛОВИ

I Општи услови

  1. Потрошувачот има право на рекламација доколку производот не работи според предвиденото,
  2. Откако ќе забележи неисправност на производот, потрошувачот е должен за истото да извести во најкраток можен рок.

II Права на потрошувачот кои произлегуваат од задолжителната гаранција

  1. Подолу наведените права можат да бидат остварени во гарантниот рок.
  2. Гаранцискиот рок започнува да тече од денот кога производот ќе биде предаден на потрошувачот
  3. Во случај на неисправност Трговецот или сервисерот се должни да го отстранат дефектот во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето за сервис од страна на потрошувачот.
  4. Во случај на неисправност на производот доколку не се поправи, потрошувачот по свој избор има право да бара замена на ист таков, нов, и исправен производ или нов и исправен производ еквивалентен според карактеристиките на стариот производ , освен во случаите, кога исполнувањето на избраниот производ од потрошувачот е невозможна, или кога со тоа би настанале несразмерно поголеми расходи на Трговецот, во споредба со друг производ. При тоа се земаат во предвид состојбата на производот, степенот на непочитување на договорот и настанатите проблеми на Трговецот или соодветно на сервисерот, при исполнувањето на гаранциското задолжување.
  5. Во случај неисправноста да не биде отстранета согласно наведеното во точките 3 и 4 погоре, потрошувачот согласно законот по избор може да бара сразмерно намалување на цената, замена на производот со нов или да го раскине договорот. Потрошувачот нема право да го раскине договорот во случај на незначителна неисправност на производот.
  6. Трговецот или сервисерот се должни да ја извршат замената или поправката на начин што истото ќе биде во согласност со карактеристиките и својствата на производот, во рамките на гарантниот рок и без истите да причинуваат значителни проблеми на потрошувачот.
  7. Потрошувачот ги има законските права кои произлегуваат од националното законодавство и истите права не се загрозени со оваа гаранција.

III Пријавување на рекламации
Потрошувачот може да поднесе рекламации кај Трговецот или да се обрати директно во Сервисните центри.

IV Случаи кога гаранцијата може да биде неважечка

  1. Гаранцијата нема да биде важечка во случај:
  • физички оштетувања на производот;
  • изложеност на вода за производи кој немаат IP65 заштита или повисока;
  • несоодветно приклучени на електричната мрежа;
  • користење на потенциометар за производи кој не се класификувани за потенциометар
  • било какво дејствие или поправка кое предизвикало дефект или механичко оштетување или причина за неисправност, а која не е извршена од овластен сервисен центар
  1. Гаранцијата нема да биде важечка, ако дефектот (оштетувањето) настанал како резултат на тоа што потрошувачот не се придржувал кон правилата за употреба, наведени во упатството за користење на производот.
  2. При поднесување на рекламација потрошувачот е должен да достави фискалната сметка за производот или издадената фактура.
  3. Ако поради горенаведените причини настанат дефекти и оштетувања, сервисирањето е на сметка на потрошувачот, дури и кога истото се врши за времетраењето на гарантниот рок.
НАЧИН НА ИСПОРАКА

При примањето на производот примачот е должен да го провери производот од евентуални оштетувања при транспорт и да провери евентуален недостик на некој дел (доколку производот е составен од неколку делови). Доколку е констатирано недостаток,примачот е должен веднаш да го пријави недостатокот.

Пред испорака на производот купувачот ќе биде контактиран телефонски за часот и денот на испорака.

  • Испораката на производите се прави низ целата територија на Р. Македонија.
  • Испорака на производи надвор од територијата на Р. Македонија не се прави.
  • Времето на испорака во Скопје изнесува 24 часа од моментот на правењето на нарачката.
  • Низ другите градови во Македонија времето на испорака изнесува 48 часа од моментот на правењето на нарачката.
  • Доколку нарачката е направена после 17 часот тогаш периодот за испорака започнува да тече од наредниот работен ден.
  • Доколку нарачката е направена во нерабтен ден рокот започнува да тече од првиот работен ден.
  • Во рокот на испорака не се пресметуваат неработните денови.
  • ЛЕДМАРКЕТ го задржува правото да го продолжи периодот на испорака без да го извести купувачот најмногу 7 дена од моментот на правењето на нарачката и над 7 дена само со договор со купувачот.
  • Доколку има доцнење на испораката ЛЕДМАРКЕТ не сноси никаква одговорност доколку доцнењето е предизвикано од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката.
ВРАЌАЊЕ И ЗАМЕНА

Производот, кој е неотпакуван и неупотребуван може да се врати во рок од 7 дена, заедно со приложената фактура ,испратница и другите пропратни документи кои се доставени при испораката и истиот може да го замените со нов.

Во случај да барате враќање на паричните средства, тоа можете да го остварите само доколку производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена фактура и испратница и другите пропратни документи кои се доставени при испораката во период од 7 дена од приемот на производот. Парите ќе Ви бидат префрлени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот.

ЛЕДМАРКЕТ го задржува правото да ја менува Политика за враќање на производите и парични средства. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страницата на ЛЕДМАРКЕТ.

Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка за производот или сметкопотврда кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот.

Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара:

– да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ или

– да го замени производот со соодветен кога ќе има таков производ.

Трговецот е должен да го извести потрошувачот кој барал замена на производот дека има таков производ за продажба во рок кој не мож е да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето.