Каран Интернационал е фирма која се занимава со осветлување од деведесетите години од минатиот век. Со лед осветлување веќе успешно работи повеќе од 3 години како дел од LED MARKET EUROPE групацијата.

Со широка палета на прозводи за надворешно, внатрешно и индустриско осветлување и централизирано европско складиште, Лед Маркет е лидер во регионот во лед осветлувањето.

За Лед Маркет луѓето секогаш се на прво место: потрошувачите, купувачите, вработените, партнерите, граѓаните. Предизвик за компанијата е да одговори на барањата на потрошувачите и секогаш да оди чекор напред во препознавањето на нивните желби. Тимот на Лед Маркет со многу посветеност, одговорност, квалитет и интегритет во работењето секојдневно ја оправдува нивната доверба и лојалност.

Нашите купувачи се во центарот на нашето внимание затоа што преку нив нашите брендови го наоѓаат својот пат до секој дом , канцеларија и фабрика во Македонија и уживаат во квалитетот на она што ние го создаваме. Она што го прави Каран Интернационал посакуван деловен партнер е нашиот постојан стремеж да дадеме најдобра услуга и производи со највисок квалитет на нашите купувачи. Континуирано се трудиме да се прилагодиме на постојаните промени на нивните потреби. Целта е веќе позната – да создадеме дополнителна вредност за нашите купувачи.

Ако сте заинтересирани или имате прашања за нас, целиот тим на Лед Маркет ви стои на располагање.